Дома Фудбал Италија Малдини го враќа Бобан во Милан!

Малдини го враќа Бобан во Милан!

Милан ова лето ќе претрпи големи промени. Две клупски легенди, Леонардо и Гатузо веќе го напуштија клубот, но има најави дека ќе пристигнат нови легендарни фигури.

Паоло Малдини беше промовиран во нов технички директор и тој има за задача да го комплетира директорскиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај најавите за враќање на Алесандро Костакурта во улога на тим-менаџер, денес се појави информација дека во Милан може да се врати Звонимир Бобан.

Малдини веќе неколку денови е во постојан контакт со Хрватот и настојува тој да се врати во Милан каде ќе добие директорка функција.

Бобан во моментов работи како секретар во ФИФА, но неговото семејство живее во Милано, а тој никогаш не ја криел љубовта кон Милан, па големи се шансите да се врати во клубот од „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ го собори рекордот на Реал стар речиси 60 години

Баерн Минхен и Реал Мадрид ремизираа 2:2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шамп…