Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија ќе се кандидра за организатор на ЕП во 2022 и 2024 во ракомет

Македонија ќе се кандидра за организатор на ЕП во 2022 и 2024 во ракомет

Ракометните Федерации на Македонија и Словенија се подготвени заедно дa конкурираат за организација на Европските првенства во машка конкуренција во 2022 и 2024 година.

Ракометната Федерација на Македонијаофицијално ја испратила својата кандидатура до ЕХФ, а тоа ќе се очекува да го направат и останатите земји кои ќе конкурираат за организација на овие првенства.

Од почетокот на 2018 година, ЕХФ ќе почне да ги разгледува сите пристигнати кандидатури, а конечната одлука ќе ја даде на годишниот конгрес во Глазгов на 18. и 19. јуни 2018 година.

Покрај заедничката кандидатура на Македонија и Словенија ЕП во 2022 и 2024 година, писма со интерес до ЕХФ за организација на овие првенства испратиле и: Белгија/Шпанија/Франција, Чешка/Унгарија/Словачка, Данска/Германија/Швајцарија, Русија/Белорусија и Литванија за ЕП 2022, односно Чешка/Унгарија/Словачка, Данска/Швајцарија, Германија и Литванија за ЕП 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пред „Јане“ ќе има навивачка фан зона за враќањето на ЛШ во Скопје!

Ракометарите на Вардар в среда ги очекува првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите…