Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија одлична, падна Швајцарија

Македонија одлична, падна Швајцарија

Македонската репрезентација оствари важна победа против Швајцарија 29:27 и го избегна последното место во групата на ЕП.

Македонија одигра одлично прво полувреме против Швајцарија, функционираа сите линии, а одличен беше голманот Томовски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На средината на првото полувреме Швајцарија поведе со 5:4, но потоа следеше серија од 6:0 за Македонија и дојдовме до водство од пет разлика, а на одмор заминавме со 13-9.

Водството го чувавме до 50-та минута кога Швајцарија израмни на 23:23, со голот на Шмид за кого нашата одбрана немаше решение.

На минута и половина до крајот Јагуриноски повторно ја доведе во водство од 28:27, а точна на победата стави Митев за конечни 29:27.

Во отсуство на повредениот Никола Митревски, Мартин Томовски доби шанса од првата минута и беше еден од најзаслужните за победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Младинците победија, кадетите поразени од Словенија

Македонските ракометни надежи во Зрче одиграа две пријателски средби со Словенија и со нив…