Поранешниот репрезентативец на Шпанија и играч за врска на Барселона, остава длабока трага и во азискиот фудбал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Чави Ернандез во 2015 година одлучи да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во редовите на Ал Сад во Катар.
Иако минатата година изјавуваше дека ќе се повлече од активното играње фудбал, оваа сезона донесе одлука сепак да потпише нов двегодишен договор со Ал Сад. Неодамна го запиша и својот јубилеен 100-ти настап за овој клуб.
Верувале или не, за тоа време легендарниот фудбалер на Барселона запиша дури 65 асистенции и постигна 22 погодоци.
Импресивна статистика каде и да играте, посебно ако се знае дека Чави има 38 години.
Мајсторот останува мајстор, секоја чест маестро!
https://www.youtube.com/watch?v=pE9s9u8FHc8