Дома Останати Лукас Подолски ќе се проба и во друг спорт

Лукас Подолски ќе се проба и во друг спорт

Легендарниот германски фудбалер Лукас Подолски одлучи да се проба во нов спорт.

Прославениот напаѓач одлучи да се проба во хокеј на мраз и ќе заигра за неговиот омилен клуб Колнер Хаие.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Подолски овој клуб го спаси од банкрот. Имаше големо влијание во алармирањето на навивачите да се спаси клубот и вети дека ќе заигра хокеј ако се продадат 100.000 виртуелни влезници.

Тоа на крајот и беше направено. Клубот доби значителни средства за да се спаси, а Подолски се огласи.

„Среќен сум и благодарен на сите кои ни помогнаа. Кога се ќе се смири ќе седнеме со клубот и ќе се договориме. Во секој случај се радувам што ќе бидам играч на Хаие“, изјави Подолски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Драма во Хрватска: Изрешетан автомобилот на директор на Осијек!

Во центарот на Осиjек бил оштетен автомобилот на спортскиот директор на НК Осијек, Португа…