Реал Мадрид продолжува со потпишување на нови договори со своите клучни фудбалери. Сега редот дојде на Лукас Васкез, кој се обврза на верност кон „кралевите“ до 2021 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Зинедин Зидан, има голема доверба во 25-годишниот шпански репрезентативец и токму тој инсистираше за продолжување на соработката.
Васкес минатата година се врати на „Сантиаго Бернабеу“, откако беше позајмен на една сезона во Еспањол и досега во тимот на Зидан одигра на вкупно 43 натпревари.
Претходно нови договори потпишаа Крос и Модриќ, а се најавува и продолжување на соработката со Кристиано Роналдо и Герет Бејл.