Дома Фудбал Англија Лукаку: Кога омразата не даде резултати, тогаш почнувате да лажете

Лукаку: Кога омразата не даде резултати, тогаш почнувате да лажете

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку се огласи преку социјалните мрежи откако во медиумите се појави информација дека имале расправија со Погба после натпреварот против Саутемптон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Црвените ѓаволи во тој натпревар го поразија Саутемптон со 3:2 со пресврт, а јунак на натпреварот беше токму Лукаку.

Сепак, островските медиуми пренесоа информација дека Белгијанецот имал вербална расправија со Погба после натпреварот бидејќи не бил среќен што Французинот одлучил да го изведе пеналот во судиското продолжение.

На Лукаку очигледно тешко му паднале овие обвинувања и одлучи да демантира преку Твитер.

„Кога омразата повеќе не функционира, тогаш почнете да зборувате лаги…“ – напиша Лукаку.

Инаку, пред Јунајтед е важен натпревар во ЛШ против ПСЖ и сигурно на тренерот Солскјер не му требаат вакви ситуации во овој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…