Дома Фудбал Луис Енрике: Подобро од Чави ја практикувам филозофијата на Барселона

Луис Енрике: Подобро од Чави ја практикувам филозофијата на Барселона

ПСЖ во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Барселона, а тоа ќе биде специјален меч за тренерот Луис Енрике.

Тој како играч и како тренер со успех ја водеше Барселона и одлично го позава клубот, но вели дека е професионален и ќе направи се да ја елиминира Барса.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Јас и како играч за Реал играв против Барса и како играч на Барса играв против Реал. Јас сум професионалец и ќе го дадам најдоброто од себе си за ПСЖ“, изјави Луис Енрике, кој потоа одговори на прашањето кој подобро ја практикува филозофијата на Барселона.

„Без никаков сомнеж тоа сум јас. Видете го движењето на топката, головите, пресингот, освоените трофеи… Јас сум подобриот, иако некои мислат поинаку“, јасен беше Луис Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавен списокот: Англија без Рашфорд, Стерлинг и Санчо на ЕП

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт  го објави поширокиот состав од 33 играчи за претсто…