Дома Останати Кошарка НБА Луд натпревар на Денвер и Портланд, дабл-дабл за Јокиќ

Луд натпревар на Денвер и Портланд, дабл-дабл за Јокиќ

Портланд и Денвер изминатата вечер го одиграа најлудиот натпревар во НБА лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Последните шест ипол минути видовме игра кош за кош се до девет десетинки до крајот кога Мареј со тројка донесе победа за гостите од 120:121.

Со овој триумф Денвер стави крај на серијата од три порази во низа. Тимот на Никола Јокиќ во овој момент е на скор 15:10.

Во последната четвртина Портланд влезе со 11 поени предност, но гостите со кошот на Јокиќ на пет ипол минтуи пред крајот поведоа со 105:104.

Мареј кој беше херојот на Денвер натпреварот го заврши со 21 поен. Најрасположен и во овој натпревар беше Јокиќ со дабл-дабл од 33 поени, 10 скока и 9 асистенции. На спротивната страна Лилард уфрли 30 поени, Нуркиќ додаде 21 поен и 9 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Мајами – ЛА Клиперс 115-110, Сан Антонио – Хјустон 118-109, Портланд – Денвер 120-121.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…