Дома Фудбал „Луд“ натпревар во Милано: Интер прокоцка два бода (видео)

„Луд“ натпревар во Милано: Интер прокоцка два бода (видео)

Интер и Сасуоло одиграа „луд“ натпревар со шест гола на „Џузепе Меаца“ на кој на крајот немаше победник.

После овој натпревар „нероаѕурите“ се подалеку од трката за Скудетото бидејќи во самиот финиш загубија два бода.

Сасуоло поведе уште во 4-та минута со голот на Капуто,но домаќините успеаа да направат пресврт до полувремето со головите на Лукаку и Бираги.

Во вториот дел Интер ја контролираше играта, создаде неколку шанси, но не успеа да ја зголеми предноста.

Тоа го казни Сасуоло кој израмни во 81-та минута од белата точка. Само пет минути подоцна Интер повторно дојде до предност со голот на Валеро.

Сепак, „нероаѕурите“ не успеаа да ја задржат предноста и во 89-та минута Магнани ги шокираше домаќините за конечни 3:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед без ново привремено решение? Карик пред важен тест со Вила

Победата над Рома му донесе здив на Мајкл Карик, но не ги отстрани дилемите на управата. А…