Иако прво се најавуваше дека ќе отсуствува два месеци, сезоната за Вестон Мекени е завршена.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Американецот се повреди во натпреварот од Лигата на шампионите против Виљареал. Првите прогнози на докторите беа оптмистични, но изгледа дека опоравувањето многу подолго ќе трае. Веста за Мекени ја потврди и стратегот Алегри.




„За жал сезоната за Мекени е завршена. Ќе се врати со тимот дури на летните припреми“, изјави Алегри.




Мекени нема да може да помогне и на САД во последните натпревари во квалификациите за СП во Катар, иако и без него тие се во одлична позиција да се пласираат на Мундијалот.




Мекени веќе се врати во Америка каде што пред неколку дена гледаше и натпрев на Лејкерси во НБА лигата. Ќе потсетиме кај Јувентус од претходно сезоната исто така е завршена за Федерико Киеза.