Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак нема да биде на располагање на Диего Симеоне на натпреварот против Селта Виго, кој се игра за време на викендот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Одличниот голман се повреди на вчерашниот тренинг, поради што му беше предвидена мала пауза. Од таа причина Облак вчера и не бранеше за Атлетико во Лигата на Европа, кој во осмина финалето од Лигата на Европа ја победи Локомотива од Москва со 3:0.
На местото на Облак, против Селта ќе брани аргентинскиот голман, Аксел Вернер. Јан Облак оваа сезона бранеше на 27 натпревари во Ла Лига и забележи дури 17 натпревари без примен гол.