Дома Фудбал Лоши вести за Анчелоти пред „Ел Класико“

Лоши вести за Анчелоти пред „Ел Класико“

Белгискиот голман Тибо Куртоа го пропуштил и денешниот тренинг на Реал Мадрид, па затоа е под голем знак прашалник за неделното „Ел Класико“, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стандардниот голман на клубот од Мадрид ги пропушти претходните четири натпревари поради проблеми со вратот, на негово место бранеше Украинецот, Андреј Лунин.

Се надева Карло Анчелоти дека еден од најдобрите голмани ќе биде спремен за натпреварот со Барселона, но време има се помалку. Куртоа би требало да се врати утре со екипата, меѓутоа колку ќе биде спремен за во недела останува да се види.

Постои можност херојот на Реал од финалето во Лигата на шампионите минатата сезона да настапи под инекции. Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона се игра во недела од 16:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Применето е „правилото на Винисиус“: Неверојатно исклучување на Мигел Алмирон

Фудбалерот на Парагвај, Мигел Алмирон, беше исклучен во четвртата минута од продолжението …