Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез ќе мора да биде опериран за да се олесни процесот на рехабилитација од фрактурата на метаторзалната коста на ногата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лекарскиот тим на „црвените“ подготви рехабилитациска програма за Гомез, но заздравувањето не се одвива по планот, па 21-годишниот дефанзивец ќе мора да оди на операција.
Од клубот не одредија рок кога Гомез ќе биде целосно опоравен, но најверојатно за него оваа сезона е завршена.
„Тоа е удар како за момчето, така и за нас, бидејќи пред повредата беше во фантастична форма. Тој е многу важен играч за нас и сигурно ќе се врати уште посилен“, изјави Јирген Клоп.
.@J_Gomez97 is to undergo surgery to assist his recovery from a lower leg fracture… https://t.co/644WwZBRBP
— Liverpool FC (@LFC) February 4, 2019