Дома Фудбал Италија Лотито: Спремни сме да играме еден меч за титулата со Јувентус

Лотито: Спремни сме да играме еден меч за титулата со Јувентус

Лацио после скоро два века е во сериозна борба за Скудетото, небесносините се на бод заостанување зад лидерот Јувентус.

Италијанската влада вчера донесе одлука индивидуалните тренинзи да продолжат на 4. мај, а колективните две недели подоцна. Тоа значи дека Серија А ќе продолжи кон крајот на мај или почетокот на јуни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио е спремен да прифати да одигра само еден натпревар со Јувентус кој би ја одлучил титулата за сезоната 2019/2020.

„Секако дека би го прифатил тоа. Јас никогаш не сум бил проблем. Продолжувањето нас ни штети бидејќи би ја жртвувале Лигата на Европа за да играме помалку натпревари. Така би играле еднаш неделно, а останатите два пати. Ако првенството продолжи сите ќе играме два пати неделно и би ја изгубиле предноста“, изјави Лотито.

Оваа изјава на Лотито и не чуди толку многу затоа што Лацио сезонава два пати го победуваше Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…