Дома Фудбал Италија Лотито остар кон ривалот: Сергеј во Јуве? Па тие немаат пари за него!

Лотито остар кон ривалот: Сергеј во Јуве? Па тие немаат пари за него!

Јувентус го сака фудбалерот на Лацио, а сега доби и одговор од Рим.

Станува збор за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Србинот кој игра фантастично.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој фудбалер сигурно е една од потенцијалните летни „бомби“ бидејќи го следат голем број европски гиганти.

Јувентус го следи Савиќ веќе подолго време, но голем проблем за „старата дама“ е што за него се заинтересирани и клубови кои се спремни да платат големи суми.

Поради тоа јасно е дека Лацио многу полесно би го продал Савиќ надвор од Италија отколку на Јувентус.

Ова беше јасно, но доколку фановите на Јувентус се надеваа на спротивното денес стигна потврда од претседателот на клубот од Рим, Клаудио Лотито.

„Сергеј во Јувентус? Тие немаат доволно пари да го доведат, поради тоа никогаш не ме ни прашале за него“, изјави Лотито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винисиус им се извини на навивачите на Реал по постигнатиот гол

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Депортиво Алавес со 2:1 на натпреварот од 33-тото к…