Дома Фудбал Лопетеги: Разликата ја направија грешките, му честитам на Атлетико

Лопетеги: Разликата ја направија грешките, му честитам на Атлетико

Тренерот на Реал Мадрид, Лопетеги не можеше да биде задоволен после првиот официјален натпревар на клупата на Кралевите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал е поразен во Суперкупот од Атлетико Мадрид со 4:2, а Лопетеги по натпреварот порача дека третиот гол ги промени работите.

„Игравме добро во продолжението, доминиравме против Атлетико, но играта се промени после третиот гол. Настанаа проблеми кои се обидувавме да ги решиме на различни начини. На крајот можам да кажам дека грешките ја направија разликата, Атлетико не казни и морам да им честитам.“ – изјави Лопетеги и додаде:

„Она што е дефинирано како политика на клубот нема да се промени поради исходот во ова финале. Сега не очекува почетокот на Ла Лига, а тоа за мене е важно натпреварување.“

Инаку, Реал во 1. коло од Ла Лига ќе игра против Гетафе на свој терен во недела од 22:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …