Во Хрватска не се стивнуваат страстите после поразот која Хрватска го доживеа во Лига на нации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, синоќа во Елче Хрватите беа поразени од селекцијата на Шпанија со вискои 6:0, а овој пораз тешко го примија во Хрватска, посебно после големиот успех кој го направија на Мундијалот.
Веднаш, како и обично, следеа бројни критики на сметка на играчите, што го разочара Дејан Ловрен кој поради повреда не беше во комбинација за настап.
„Тежок пораз, боли, но застанете малку и размислете, ако имате воопшто мозок, пред да тргнете и да критикувате како и обично што правите драги медиуми. Во вакви ситуации не треба да барате виновник, заедно победувавме до сега, па заедно и ќе губиме. Не смееме да потонеме и не сакам да се заборави се што направивме на Светското првенство.“
„Момци главата горе, следниот натпревар е ново докажување, да заборавиме на ова, едноставно беше само лоша вечер.“
Наредниот натпревар Хрватска го игра во октомври против Англија.