Дома Фудбал Ловрен бараше премногу, но Рома најде решение за дефанзивата

Ловрен бараше премногу, но Рома најде решение за дефанзивата

Пропадна трансферот на Ловрен во Рома. Хрватот барал премногу пари и неговиот трансфер на крајот не се реализираше, па ќе мора да бара некоја друга средина.

Сепак, друг Хрват може да заигра на Олимпико. Раководството на Рома е заинтересирана за партнерот на Ловрен од репрезентацијата, играчот на Бешикташ, Домогој Вида.

Разговорите за трансфер веќе започнале. Вида е спремен да дојде, но останува да видиме дали на крајот ќе биде постигнат договор и ќе потпиша за римскиот тим.

Втора опција е Маркос Рохо од Манчестер Јунајтед. Аргентинецот е отпишан на Олд Трафорд и ќе биде вистинско чудо ако не ги напушти Црвените ѓаволи во наредниот период.

Рома до следиот петок сигурно ќе донесе засилување во дефанзивата, а останува да видиме дали тоа ќе биде Вида или Рохо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …