Во Неапол изгледа брзо забораваат што Маурицио Сари направи за клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наполитанците тешко се помируваат со тоа што Сари одлучи да го превземе Јувентус. Од Наполи замина во Челзи и после само една сезона се врати во Италија и тоа во клубот кој е еден од најомразените ривали на „неговиот“ Наполи.
На тој начин за сите во Неапол Сари направи „предавство“, па тие одлучија да му се одмаздат така што започнаа да продаваат тоалетна хартија со неговиот лик.
Претходно во Неапол се појавија тоалетна од Кристиано Роналдо, како и Гонзало Игуаин кој направи директен трансфер од Наполи во Јувентус.
