Дома Фудбал Англија Ливерпул со „петарда“ во градското дерби го продолжи походот по титулата (ВИДЕО)

Ливерпул со „петарда“ во градското дерби го продолжи походот по титулата (ВИДЕО)

Ливерпул денес во рамките од 15. коло во Премиер лигата запиша победа против Евертон од 4:2.

Клоп иако го започна натпреварот со изменет состав сепак од самиот старт Ливерпул започна да напаѓа. Ориги после шест минути игра погоди за водство, а Шаќири десетина минути подоцна зголеми на 2:0. И покрај тоа што Ливерпул поведе со 2:0 Евертон не се откажуваше и четири минута преку Моис Кин „карамелите“ намалија на 2:1.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Возбудувањата продолжија во 31. минута. Ориги го постигна својот втор гол на натпреварот за веќе 3:1. Садио Мане во 45. Стрела за убедливи 4:1. Евертон преку Ричарлисон во последните моменти од првото полувреме ја затресе мрежата на Адриан за 4:2.

Второто полувреме беше многу помалку возбудливо. Видовме само еден гол и тоа во финишот од натпреварот кога Ванијалдум погоди за конечни 5:2.

Ливерпул со оваа победа остана на предност од осум бода во однос на второпласираниот Лестер и дури 11 бода повеќе Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Страв и трепет: Познат составот на Американците за Олимписките игри во Париз

Голем дел од медиумите во САД веќе го објавуваат тимот со кој Американците ќе играат на Ол…