Откако Јирген Клоп го превзеде Ливерпул, мора да се признае дека „Црвените“ играат атомски фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Минатата сезона „големата тројка“ Кутињо-Мане-Фирмино ги тероризираше мрежите во Премиер лигата, а сега го добија и Салах, па со Египѓанецот сеат страв и во остатокот на Европа, како поминуваше сезоната изборија пласман во ЛШ.
Моќта на нападот на Ливерпул на своја кожа го осети Спартак, која прими дури седум гола на „Енфилд“. Така стигнаа до бројка од 23 постигнати голови во групната фаза од ЛШ оваа сезона. Со тој учинок станаа најефикасен англиски тим во историјата на групната фаза во најелитното натпреварување.
Оваа сезона од нив поефикасен е само ПСЖ, кој постигна 25 гола и стана најефикасниот тим во историјата на групната фаза од Лигата на Шампионите.