ЛА Лејкерси стигнаа до 28. Победа во сезоната победувајќи го Њу Орлеанс со 123:113.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лејкерси одиграа одличен натпревар во првите три четвртини за Пеликанс во последната четвртина да успеат да го ублажат поразот. Одличен натпревар одигра Ентони Дејвис кој постигна 46 поени и додаде 13 скока, Грин уфрли 25 поени и запиша по пет скока и асистенции. Дабл-дабл со 17 поени и 15 скокови оствари Леброн Џејмс. Кај гостите најдобар беше Лонзо Бол со 23 поени, 2 скока и 5 асистенции.
Хјустон стигна до победа од 118:108 против Филаделфија. Ракетите беа предводени од Џејмс Харден кој стигна до трипл-дабл и тоа со 44 поени, 11 скокови и 11 асистенции. Него го следеше Капел со 30 поени, 14 скокови и 3 асистенции. Во редовите на Филаделфија најрсаположен беше Симонс со трипл-дабл од 29 поени, 13 скокови и 11 асистенции.
Низата од пет порази ја прекина Портланд славејќи на гости против Вашингтон со 103:122. Овој натпревар беше обележен со исклучувањето на Томас кој мораше надвор после 88 секунди откако го турна судијата.
IT was ejected a minute and a half into the game for making contact with the official ? pic.twitter.com/RXwKes3pfK
— Bleacher Report NBA (@BR_NBA) January 4, 2020
НБА резултати:
Бостон – Атланта 109:106
Орландо – Мајами 105:85
Вашингтон – Портланд 103:122
Хјустон – Филаделфија 118:108
Феникс – Њујорк Никси 120:112
Лејкерси – Њу Орлеанс 123:113