Дома Македонски спорт Летото кога Ливерпул дојде во Скопје, а Работнички на Стратев истрча на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Летото кога Ливерпул дојде во Скопје, а Работнички на Стратев истрча на „Енфилд“ (ВИДЕО)

На 29.јули 2010 година Работнички имаше прилика да игра против еден од најголемите светски клубови, Ливерпул.

Разбирливо Градски беше преполн за да се види тимот на Ливерпул кој рака на срце не дојде со најголемите ѕвезди. Иако не играа во најсилен состав Ливерпул го победи Работнички со 0:2. Давид Н‘Гог беше стрелец на двата гола – по еден во секое полувреме. Првиот гол го постигна во 17 минута по грешка на одбраната на Романтичарите. Конечниот резултат Н‘Гог го постави во 59 минута, по асистенција на Мартин Кели.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа воедно беше деби за тогашниот нов тренер на Ливерпул, Рој Хоџсон.

Неговата изјава по натпреварот гласеше:

„Н‘Гог одигра за мене, тој ја круниса својата одлична игра со два гола, а тоа им треба на напаѓачите. Среќен сум од играта и од резултатот, но не сум решил кој ќе игра на Енфилд во реваншот“.

Работнички тогаш беше предводен од Зоран Стратев.

„Ливерпул е Ливерпул, класа за нас, па и без првотимци е посилен. Ова е рангот на македонскиот фудбал и треба да се признае. Мислам дека моите играчи беа премногу импресионирани од Ливерпул. Јас во одредени делови од мечот сум задоволен како игравме, но кажав, ние ќе го дадеме максимумот, но ќе видиме дали е тоа доволно или не, а се покажа дека против Ливерпул е недоволно“.

Седум дена подоцна следуваше реваншот на „Енфилд“ во кој Работнички одново изгуби со истиот резултат. Таму Н’гог постигна еден гол, а вториот беше дело на големиот Стивен Џерард.

СОСТАВИТЕ ОД ТОЈ НАТПРЕВАР:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…