Дома Фудбал Леонардо: Меси од кога дојде повеќе е со репрезентацијата, отколку со тимот

Леонардо: Меси од кога дојде повеќе е со репрезентацијата, отколку со тимот

ПСЖ во дербито во петокот го совлада Лил со 2-1 по пресврт, а Лионел Меси не направи буквално ништо на теренот и тоа ги загрижува навивачите.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо најде причина зошто Меси е во слаба форма и реши да ја открие за медиумите.

„Ситуацијата со Меси е комплицирана. Во првиот период во ПСЖ повеќе време мина со репрезентацијата отколку со тимот, поради што има проблем. Нормално е тоа што се случува“, вели Леонардо.

Меси беше заменет на полувремето од страна на Маурицио Покетино, а парижаните на крајот успеаа да триумфираат со 2-1 и така да ја зголемат предноста пред ривалите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го остави Марадона дома и ја одведе Аргентина до првата светска круна

Сезар Луис Меноти не попушти пред критиките поради изоставувањето на 17-годишниот Марадона…