Дома Останати Кошарка Евробаскет Лекција по кошарка за Шпанците: Словенија прв финалист на Евробаскетот

Лекција по кошарка за Шпанците: Словенија прв финалист на Евробаскетот

Кошаркарите на Словенија ќе играат во финалето на Европското кошаркарско првенство, откако во првото полуфинале им одржаа час по кошарка на паркетот на Шпанците и ги декласираа со високи 92:72.

Словенците буквално го прегазија актуелниот првак и в недела во своето прво финале ќе се борат за европската титула.

Тимот на српскиот тренер Игор Кокошков на Шпанците им одржа кошаркарски час, особоено во второто полувреме кога предноста стана двоцифрена. Словенците го торпедираа шпанскиот кош погодувајќи 14 тројки од 25 обиди.

Најефикасни кај Словенија беа Рендолф и Драгиќ со по 15 поени, Препелиќ постигна 13, а Дончиќ беше маестрален со 11 поени, 12 скокови и 8 асистенции.

Кај Шпанија Пау Гасол постигна 16, Рики Рубио 13, а Марк Гасол 12 кошеви.

Финалниот меч на програмата е во недела, а словенија ќе игра за златниот медал со победникот од полуфиналето помеѓу Србија и Русија, које се игра во петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Црвена Звезда ја совлада Ефес за прва победа во Евролигата

Црвена Звезда ја победи Ефес со 77:72 во Евролигата, обезбедувајќи ја првата победа оваа с…