Дома Фудбал Легендата на Јунајтед: Рашфорд е на нивото од Дембеле и Мбапе!

Легендата на Јунајтед: Рашфорд е на нивото од Дембеле и Мбапе!

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд игра фантастично оваа сезона и со секој натпревар се повеќе ги воодушевува фидбалските фанови ширум светот.

Рашфорд доби многу позитивни критики и од поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Фил Невил кој смета дека е на нивото на Килијан Мбапе од ПСЖ и Осман Дембеле од Барселона.

„Сите ги фалат Дембеле и Мбапе, но никој во оваа земја не зборува за Рашфорд. Само поради тоа што е Англичанец, ние велиме ’тој игра по крило и е ок’. Маркус е во рангот на Дембеле и Мбапе, кои исто така играат по крилните позиции“.

„Луѓето велат дека Рашфорд треба да игра како централен напаѓач, но тој може да игра било каде бидејќи е многу добар. Тој е на иста цена како споменатите двајца – 100 или 150 милиони фунти. На исто ниво е како и нив и напредува секоја година“, истакна Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…