Иднината на Нејмар е предмет на повеќенеделни шпекулации, а покрај Барселона како потенцијален нов клуб на Бразилецот се споменува Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сега можноста Нејмар да се врати во Барселона ја коментираше Христо Стоичков кој смета дека Бразилецот не и е потребен на Барселона.
Напаѓачот на ПСЖ констатно во текот на летото се поврзува со враќање на „Камп Ноу“ од каде што замина во 2017 година во рекорден трансфер од 222 милиони евра, а поранешниот бугарски репрезентативец е убеден дека неговото враќање не би било добар потег за Барселона.

„На Барселона Нејмар не и е потребен. Таму нема место за него, имаат важни играчи како што се Гризман, Меси, Суарез и Дембеле. Каде би играл тој? Би бил само бомба во соблекувалната која може да експлодира во секој момент. Јас лично не сакам да го видам повторно во Барселона“, изјави Стоичков.