Дома Фудбал Останато Легендарниот Сидорф повторно во преговори: По паузата се враќа на тренерската функција

Легендарниот Сидорф повторно во преговори: По паузата се враќа на тренерската функција

Легендарниот фудбалер, Кларенс Сидорф би можел по паузата да се врати на тренерската функција, пренесуваат денес медиумите во Бразил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој денес пристигна во Бразил, поточно во Куритиба, каде ќе преговара за преземање на екопата на Атлетико Паранаенсе.

Инаку, Сидорф веќе играше фудбал во Бразил во екипата на Ботафого каде го одигра и последниот меч како професионален фудбалер, а интересно е што го раскина договорот со тимот за да го преземе Милан како тренер.

По Милан, беше тренер во Кина, но не успеа тој тим да го внесе во првата лига, па потоа тимот беше преземен од страна на Свен Горан Ериксон.

Така што, по повеќе од една година, би можел да се врати на тренерската работа и тоа во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…