Дома Останати Легендарниот Мекинро тврди: Ѓоковиќ ќе биде рекордер по бројот на Гренд слеми

Легендарниот Мекинро тврди: Ѓоковиќ ќе биде рекордер по бројот на Гренд слеми

Легендарниот тенисер Џон Мекинро пред почетокот на „Австралија Опен“ прогнозораше дека Новак Ѓоковиќ ќе биде многу успешен и во наредните години.

Мекинро тврди дека Ѓоковиќ ќе биде рекордер по бројот на освоени Грем слем титули по завршивањето на неговата кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Моментално на вечната листа води Федерер со 20 Гренд Слем титули, па следува Надал со 18, а Ѓоковиќ има 16 титули.

„Да морам да се обложам веројатно би го избрал Новак како тенисер кој ќе биде рекордер по бројот на Гренд Слем титули! Ако остане здрав има големи шанси да освои уште неколку титули, секоја сезона по два или три. Прашање е дали Роџер ќе може да земе уште еден Гренд Слем, односно дали некој ќе успее да го совлада Надал на Ролан Гарос. Верувам дека Рафа ќе освои уште некој Гренд Слем, но Новак ќе биде рекордер“, истакна Мекинро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…