Дома Останати Тенис Легендарната Селеш му одговори на Ѓоковиќ и порача: Жалам само за една работа…

Легендарната Селеш му одговори на Ѓоковиќ и порача: Жалам само за една работа…

Новак Ѓоковиќ со последниот триумф на Австралија Опен го израмни рекордот на Моника Селеш, а по мечот со Тејлор Фриц се оглас и легендарната тенисерка.

Најдобриот светски тенисер истакна дека Селеш била една од неговите идоли кога почнувал да тренира, а брзо стигна одговор и од легендарната тенисерка.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Трофеите на Новак оддамна престанав да ги бројам, знаев дека ќе ги собори сите рекорди и ќе постави нови кои ќе бидат тешко достижни за следните генерации. Единствената работа за која жалам е што не игравме во иста ера, ќе беше убаво да одигравме еден микс-дубл.

Ти благодарам за почиита и одиме по уште еден трофеј на Австралија Опен“, објави Селеш на нејзиниот Инстаграм профил.

Легендарната Селеш е родена во Нови Сад, а во кариерата освои девет грен-слем титули, четири од нив беа во Мелбурн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Обвинувања за Ѓоковиќ: Ќе провоцира 340.000 Албанци!

Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата АТП 250 во Женева кој…