Дома Македонски спорт Леванте ќе мора да го продаде Барди за да се спаси од кризата?

Леванте ќе мора да го продаде Барди за да се спаси од кризата?

Пред неколку дена се појави веста дека македонскиот фудбалер Енис Барди би можел да се пресели во редовите на Њукасл во Премиер лигата уште во јануарскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стратегот на Њукасл Стив Брус е во потрага по засилување во средниот ред и Барди е една од неговите главни желби. Според тврдењата на медиумите на Островот потезите се веќе повлечени и Њукасл ќе се обиде да го доведе Македонецот.

Сега на веста дека Њукасл го сака Барди ни пристигнува и еден вид дополнување. Шпанците објавија дека Леванте е во финансиска криза поради која ќе мора да продава. За Барди тие бараат 25 милиони евра и ако некој клуб ја понуди оваа сума изгледа нема да стојат на патот.

Поради кризата Леванте освен Барди би можел да го напушти и Хозе Кампања за кого интерес покажа тимот на Езгјан Алиоски, Лидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија му се потсмева на Трамп. Лукаку со потег на претседателот го одбележа голот

Белгија ги победи Соединетите Американски Држави со резултат 4:1 во најконтроверзниот натп…