Дома Топ вести Леванте може добро да заработи на Барди – го сакаат Интер и ПСЖ!

Леванте може добро да заработи на Барди – го сакаат Интер и ПСЖ!

bardhi

Само една сезона беше доволна за Енис Барди да експлодира во шпанската Примера и да го привлече вниманието на големите клубови.

Имено, реномираниот „ЕСПН“ пишува дека Пари Сен Жермен и Интер покажале интерес да го доведат Барди во своите редови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барди минатото лето пристигна во Леванте од редовите на Ујпест, пред се поради фантастичните настапи за репрезентацијата до 21 година која учествуваше на Европското првенство.

Леванте од Ујпест го доведе Барди за само 1.5 милион евра, а сега би можел да заработи и десет пати поголема сума. Барди одигра фантастична дебитантска сезона и беше најдобар играч на Леванте. Постигна девет голови во Примера, а дури пет од слободен удар сегмент во кој само Лионел Меси е подобар.

Во својот договор Барди има откупна клазула од 25 милиони евра и клубот од Валенсија сигурно нема да го пушти за помала сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…