Дома Фудбал Германија Лев често менува, но за овој човек секогаш има место во репрезентацијата!

Лев често менува, но за овој човек секогаш има место во репрезентацијата!

Интересен податок ни пристигнува од фудбалскиот статистички завод.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот на актуелниот светски шампион по освојувањето на титулата во Бразил редовно експериментираше и го мешаше составот.

Германија има навистина голем избор на квалитетни фудбалери, а за тоа говорат и резултатите – максимален учинок во квалификациите за Мундијалот во Русија и освојување на Купот на Конфедерциите минатата година со подмладен тим.

Голем број играчи се појавија во репрезентацијата во периодот помеѓу двата Мундијали, Јоаким Лев испробуваше повеќе комбинации, а само за еден фудбалер секогаш имаше место во тимот, без разлика дали е пријателски или натпреварувачки натпревар – Џошуа Кимих!

Човекот кој важи за наследник на Филип Лам, ги одигра секоја минута во последните 26 натпревари за Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Белгија во голем проблем пред Иран: Една од најголемите ѕвезди дефинитивно отпадна

Репрезентацијата на Белгија доживеа голем удар пред натпреварот од второто коло на Светско…