Дома Фудбал Останато ЛЕ: Гринвуд го спаси Јунајтед од бламажа, сензација во Германија, Рома извади „покер“ (ВИДЕО)

ЛЕ: Гринвуд го спаси Јунајтед од бламажа, сензација во Германија, Рома извади „покер“ (ВИДЕО)

После Лигата на шампионите вечерва беше резервирана за натпреварите во Лигата на Европа.

Изненадувањето на вечерта го приреди Волфсбергер од Австрија кој ја победи Борусија Менхенгладбах со убедливи 0:4.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Изненадувањето беше најавено после само 13 минути игра кога Вејсмен го отвори резултатот. Германскиот тим се најде во тешка ситуација после само 45 минути затоа што до крајот на првиот дел Лајтгеб и Рицмајер погодуваа за високи 0:3.

Во вториот дел Лајтгеб го постигна вториот гол за конечни 0:4.

Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата ја совлада Астана. Единствен стрелец беше Гринвуд 15-тина минути пред крајот.

Италијанската Рома лесно се справи со Башакешир и ги испрати Турците со покер (4:0). Головите за Рома ги постигнаа Кајсара, Џеко, Клајверт и Заниоло.

Останати резултати:

Волсбург – Олександрија 3:1

Слован Братислава – Бешикташ 4:2

Порто – Јанг Бојс 2:1

Партизан – АЗ Алкмар 2:2

Лудогорец – ЦСКА Москва 5:1

Гент – Сент Етјен 3:2

Еспањол – Френцварош 1:1

Вулверхемптон – Брага 0:1

Ренџер – Фејенорд 1:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поради Рибери во Баерн постои непишано правило: Токму затоа Олисе нема да се пресели во Реал Мадрид

Ѕвездата на Баерн Минхен, Михаел Олисе, ја фасцинира фудбалската сцена, предизвикувајќи го…