Дома Фудбал Германија Лајпциг тврди: Немаме договор со Сити за Гвардиол

Лајпциг тврди: Немаме договор со Сити за Гвардиол

Медиумите на Островот пред неколку дена објавија дека Манчестер Сити го договорил трансферот на Јошко Гвардиол.

Се чекаше моментот Гвардиол да ги мине лекарските прегледи, а денес спортскиот директор на Лајпциг демантира.

„Нема договор. Ниту блиску“, одговори спортскиот директор Макс Еберл на новинарско прашање за евентуалниот трансфер.

„Во многу добра позиција сме и ќе направиме се Гвардиол да остане. Доколку го задржиме нема да правиме повеќе трансфери ова лето“, додаде Еберл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Тотенхем останува без уште еден спонзор: соработката завршува предвреме

Тотенхем ќе остане без уште еден од своите спонзори. Според „Telegraph“, јужнокорејскиот п…