Дома Фудбал Лацио игра страшно: Вакво нешто не му успеало на никој друг во Серија А

Лацио игра страшно: Вакво нешто не му успеало на никој друг во Серија А

Вчера Лацио славеше со 4:0 на гости кај Фиорентина и со тоа „лацијалите“ дојдоа до уште еден уникатен рекорд.

Лацио игра одлично во последниот период и тоа го потврди со вчерашниот триумф на гости кај Фиорентина. Имено, Лацио стана првиот тим во историјата во Серија Акој успеал со по 4:0 да слави на три натпревари во низа.

Низата „покер“ за Лацио започна со Кремонезе на гости, а продолжи со Специја дома и вчера во Фиренца. Претходно со 2:0 ја совладаа Верона, па така освен серијата четири победи, се во серија и на четири натпревари без примен гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем пред црна серија каква што не памети, Де Зерби бара одговор кај Челси

Само една победа на последните 36 лигашки гостувања на „Стемфорд бриџ“ и шест порази по ре…