Тимот на Лацио продолжува со фантастичните партии и вечерва го победи директниот ривал за титулата Интер, со пресврт 2:1.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Лацио подобро го отвори мечот и беше поблиску до водство преку Милинковиќ-Савиќ кој ја погоди пречката. Казната стига во финишот на првиот дел кога Ешли Јанг со својот деби гол му донесе водство на „нероаѕурите“.
Лацио во второто полувреме започна фуриозно, па уште во почетните минути израмни преку Имобиле кој беше прецизен од белата точка. Комплетниот пресврт го осигура СМС во 69-та минута.