Барселона славеше со убедливи 5-2 против Бетис, а Лионел Меси влезе од клупата за резерви и постигна два гола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Многумина беа изненадени од потегот на тренерот Роналд Куман, кој реши да го остави Меси на клупата, па се шпекулираше дека тие се во лоши односи.
„Меси имаше болка уште по дуелот со Динамо Киев во Лигата на шампиони, поради тоа решивме да остане на клупата. Сите знаеме што може Меси да направи на теренот. Видовме сите во второто полувреме колку е важен тој за нас“, кажа Куман.