Дома Фудбал Куман: Не разбирам зошто ме критикуваат

Куман: Не разбирам зошто ме критикуваат

Tренерот на Барселона, Роналд Куман во најавата на утрешниот натпревар во Ла Лига против Реал Сосиедад зборуваше за критиките добиени после минатиот меч на Каталонците.

Барселона едвај успеа да победи на домашен терен против Леванте. Меси во овој натпревар одново ја спаси Барселона и го постигна единствениот гол на мечот.

Куман не ги разбира критиките кои ги добива затоа што на пет минути пред крајот во игра го стави Самуел Умтити. На тој начин Барселона го бранеше резултатот од 1:0.

„Разбирам да добиваме критики ако изгубиме четири или пет натпревари, но не разбирам зошто ме критикуваат што ставив стопер на пет минути пред крајот кога ни беше потребна победа. Некогаш тоа мораш да го направиш. Не можеме секогаш да притискаме“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гужва во хрватскиот втор ранг: Осум екипи во четири бода, Вуковар тоне

Младост Ждралови е лидер по 11 кола, но конкуренцијата е збиена. Вуковар, кој минатата сез…