Луис Суарез продолжи со одличните настапи во неговата прва сезона во Атлетико Мадрид. Вчера Суарез постигна уште еден гол во победата против Валенсија од 3:1.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој беше негов 12. во 15 натпревари оваа сезона. Со ова Суарез има најдобар старт во Ла Лига уште од Кристиано Роналдо кога Португалецот постигна 13 голови во 15 натпревари.
Ќе потсетиме Суарез ја напушти Барселона откако Роналд Куман го означи како вишок и непотребен.
Суарез игра одлично и постигнува голови, додека Атлетико е лидер на табелата и има 10 бодови повеќе од Барселона.