Дома Фудбал Италија Кулибали проговори за својата иднина!

Кулибали проговори за својата иднина!

Играчот на Наполи, Калиду Кулибали е еден од најдобрите и најбараните дефанзивци на тансфер пазарот.

Европските гиганти се силно заинтересирани да го видат во своите редови, а последните информации од Островот се дека Манчестер Сити е спремен да плати 100 милиони евра за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кулибали конечно проговори за својата иднина и не ја отфрли можноста да остане во Серија А во дресот на Наполи.

„Не знам дали ќе останам во Наполи. Постојат големи шанси за тоа. Но, јас треба да играм на Африканското првенство. Сега сите зборуваат за мене, но во овој момент лично сум подготвен да зборувам само за репрезентацијата на Сенегал, со која сакам да постигнам нешто сериозно. Затоа, не сум подготвен да зборувам за мојата клупска иднина“, изјави Кулибали.

Тој минатата сезона настапи на 48 натпревари за Наполи, постигна два гола и имаше една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…