Дома Фудбал Крај на сезоната за Азар!

Крај на сезоната за Азар!

Белгискиот репрезентативец Еден Азар во 2019 година пристигна во Реал Мадрид како големо засилување, но никогаш не ги оправда вложените средства.

Азар често пати е повреден, а и кога не е добива премногу мала минутажа. Белгиецот сега заработи нова повреда поради која како што стојат работите ќе мора да оди на операција.

Шпанските медиуми објавија дека операцијата за Азар ќе биде комплицирана и затоа за него оваа сезона е завршена.

Сезонава Белгиецот одигра 22 натпревари во сите натпреварувања за „кралевите“, подели две асистенции и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брајтон го прегази Палас, а Хурцелер веднаш спушти топка: Останете скромни

Брајтон со убедливи 5-0 го разнесе Кристал Палас, но тренерот Фабијан Хурцелер порача дека…