Дома Фудбал Италија Крај на една ера: Галиани за една недела го напушта Милан!

Крај на една ера: Галиани за една недела го напушта Милан!

После 30 успешни години Адриано Галиани ќе го напушти Милан. Легендарниот директор на „росонерите“ одби да добие било каква друга улога во клубот и следната недела ќе го напушти италијанскиот гигант.

Со доаѓањето на новите кикески сопственици стана јасно дека Адриано Галиани нема повеќе да биде генерален директор и трансфер „гуру“ во Милан. Понудени му беа разни позиции во клубот, но тој реши после 30 години да го напушти Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не ме интересира ни место во Управниот одбор, јас мора да си ја почитувам својата кариера. 30 години бев генерален директор во клубот и неможам да прифатам друга функција. Во секој случај јас ќе останам голем фан на Милан бидејќи овој клуб е дел од мојата душа“, изјави Галиани.

Галиани е на таа позиција во клубот откако Милан е во рацете на Силвио Берлускони и се етаблираше во еден од најпознатите и најуспешните фудбалски директори во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…