Дома Фудбал Лига на шампиони „Кралска“ рапсодија во Мадрид, Сити со минимална предност🎥

„Кралска“ рапсодија во Мадрид, Сити со минимална предност🎥

Реал Мадрид и Ливерпул одиграа исклучително возбудлив натпревар на кој значајна предност постигнаа „кралевите“. Сити до победа во последна минута.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од самиот старт Реал наметна свое темпо и стигна до предност во 28-та минута. Тони Крос испрати фантастична асистенција до Винисиус, кој го матираше Алисон за предност од 1:0.

Десет минути подоцна одбраната на Ливерпул повторно капитулираше, а стрелец за 2:0 беше Асенсио, резултат со кој се замина на полувреме.

Ливерпул немаше шут во рамките на голот во првиот дел, но второто полувреме го почна фуриозно. Во 50-та минута една после една полуконтра Жота шурираше, топката дојде до Салах, кој намали на 2:1.

Реал и во остатокот од мечот беше доминантен, а Винисиус во 65-та минута зголеми на 3:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Манчестер Сити беше голем фаворит против Борусија Дортмунд и брзо стигна до водство, во 16-та минута погоди Де Брујн.

Меѓутоа, „милионерите“ не се предадоа и во 84-та минута дојдоа до израмнување преку Ројс. „Граѓаните“ сепак со предност ќе патуваат во Германија, бидејќи во 90-та минута Фоден погоди за 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Крај на приказната: Наполи се збогува со Елмас (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас си заминува од Наполи откако денеска заврши позајм…