Дома Фудбал Лига на шампиони Кој и како одлучи Рашфорд да го шутира пеналот синоќа?

Кој и како одлучи Рашфорд да го шутира пеналот синоќа?

Маркус Рашфорд синоќа беше херојот на Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој 21-годишен напаѓач во четвртата минута од продолжението на натпреварот смирено го изведе пеналот и погоди за победа и поминување на Јунајтед во Париз против ПСЖ (1:3). Интересно е тоа што Рашфорд сам одлучил да го изведе пеналот. Иако во отсуство на Погба изведувач на пенали е Лукаку, Рашфорд одлучил сам да ја превземе одговорноста.

„Знаев дека морам да ја задржам смиреноста. Тоа се работи кои морате да ги вежбате на тренинг секој ден. Сакав да шутирам, постигнав гол и поминавме понатаму. Чекањето на одлуката од ВАР системот е најтешката работа. Меѓутоа, сите сакаме вакви натпревари и вакви моменти и се надеваме дека теренот ќе го напуштиме среќни. Се беше против нас, а се навикнавме да преживееме тешки моменти и тоа го докажавме. Ова е прекрасна работа. Имавме 10 повредени играчи, младите добија шанса, секогаш се со нас и ова е шанса која ја заслужија“, изјави Рашфорд по натпреварот.

Манчестер Јунајтед со оваа победа се пласираше во четврфиналето од Лигата на Шампионите, иако сите го отпишаа по поразот од ПСЖ на „Олд Трафорд“ од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сто милиони евра нема да и бидат доволни на Барса за Хулиан Алварес

Барселона може да ги насочи своите напори кон ангажирање на напаѓачот на Челси Жоао Педро,…