Дома Фудбал Италија Кошмарот на Стриниќ конечно заврши!

Кошмарот на Стриниќ конечно заврши!

Хрватскиот дефанзивец и член на Милан, Иван Стриниќ доби зелено светло од докторите за враќање во тренажен процес, откако успешно ги помина медицинските тестови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На Стриниќ му беа откриени срцеви проблеми при пристигнувањето во Милан после Мундијалот и му беше забранета секаква спортска активност.

„Во последните денови Иван Стриниќ помина серија од медицински прегледи кои покажаа дека фудбалерот може да ги поднови спортските активности и да се врати во тренажен процес“, соопштија од клубот.
Стриниќ од понеделник ќе почне со тренинзи, а се очекува во јануари да се врати на фудбалските терени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Варди по една сезона повторно го менува клубот

Легендарниот Џејми Варди (39) ќе го напушти Кремонезе кога ќе му истече договорот на крајо…