Дома Фудбал Костариканците едногласни: Ги почитуваме противниците, но Бразил е посебен

Костариканците едногласни: Ги почитуваме противниците, но Бразил е посебен

Селекторот на фудбалската репрезентација на Костарика, Оскар Рамирес истакна денес дека е задоволен од групата на СП, во која се Србија, Бразил и Швајцарија.

„Имам добро чувство по ждрепката. Ме потсетува на Мундијалот во Италија, кога го имавме Бразил за ривал со две европски селекции. Дури и распоредот на натпреварите е многу сличен“, истакна Рамирес по ждрепката во Москва.

Костариката натпреварувањето во групната фаза на светскиот шампионат во Русија ќе го стартува против Србија, а потоа следат дуелите со Бразил и на крајот на Швајцарија.

Рамирес истакна дека ги почитува протвниците, но Бразил е посебен.

„Ми се допаѓа што играме против три екипи кои сакаат да играат фудбал. Ги гледав, негуваат комбиниран фудбал“, истакна селекторот на латиноамериканската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо пред Тотенхем: Со срце, но и со ладна глава во дербито!

Челси брка седма последователна лигашка победа над Тотенхем, а Чаби Алонсо бара контрола н…