Дома Македонски спорт Костадинов: Тоа што не сметаат за аутсајдери може да ни помогне

Костадинов: Тоа што не сметаат за аутсајдери може да ни помогне

На денешната прес-конференција присуствуваше македонскиот репрезентативец, Тихомир Костадионов кој најави дека Македонија ќе даде максимум на ова ЕП.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Последните два натпревари беа добра увертира за ЕП, одигравме добро. Знаеме дека тоа беа пријателски натпревари, но последниот дуел со Казахастан е добар за нашата самодовербам. Без разлика со кого играме, тука секој меч ќе биде тежок, ова е еден голем предизвик кој го чекаме со голема возбуда“.

Се радува на присуството на навивачи.

„Ја очекуваме поддршката од навивачите, знаеме дека ќе бидат најгласни и најдобри“, порача Костадинов.

Смета дека ни одговара тоа што сме сметани за аутсајдери.

„Тоа што не сметаат за аутсајдери мислам дека ќе влијае да бидеме повеќе опуштени и да има помал притисок врз нас. Секоја селекција се гледа како фаворит против нас, а тоа може многу да ни помогне“, изјави Костадинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Скалони доби ужасни вести: Аргентинецот поради тешка повреда на тренинг ќе го пропушти Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Аргентина се подготвува за одбрана на златото кое го освоија…