Дома Фудбал Англија Корона вирусот му направи проблем на засилувањето на Јунајтед

Корона вирусот му направи проблем на засилувањето на Јунајтед

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Одион Игало кој во изненадувачки трансфер пристигна во последниот ден од преодниот рок нема да патува на тренинг кампиот во Шпанија.

Јунајтед ќе патува во Марабела, а поради најновата ситуација со корона вирусот Игало ќе остане во Манчестер.

Имено, од кога Игало дојде во Манчестер не се поминати 14 дена, па не е сигурно дали ќе може да се врати во Англија ако ја напушти земјата за помалку од 14 дена од неговото влегување.

„Одион останува во Манчестер затоа што не се поминати 14 дена откако пристигна. Поради ситуацијата во Кина не сме сигурни дека ќе му биде дозволено да се врати во Англија ако ја напушти земјата порано, поради тоа ќе остане да работи со инидивидуален тренер. Секако дека ќе беше убаво да дојде и подобро да се запознае со соиграчите, меѓутоа не сакаме да ризикуваме“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус ја сака ѕвездата на Наполи

Долгогодишниот фудбалер на Наполи, Станислав Лоботка, би можел наскоро да го напушти клубо…